Turkish Embassy in Skopje

Embassy Announcement

За Државјаните На Република Македонија Кои Ќе Сакаат Да Патуваат Во Република Турција , 19.10.2012


Државјаните на Република Македонија, во рамките на постојната законска регулатива, за нивните туристички патувања во Турција до 60 дена, се ослободени од визен режим. Меѓутоа, во тој срок, во случај да не поседуваат соодветна виза, забрането им е да се вработат или да се школуваат.

Од друга страна, престојот на странските државјани во Турција е ограничен со 90 дена во срок од 180 дена.

На овој начин, за Македонските државјани кои ќе патуваат во Турција без обезбедена соодветна виза,  укината им е можноста да при секој излез од земјата по изминати 60 дена, да ја користат можноста за повторен безвизен престој од 60 дена.

Со цел да се спречи секое евентуално недоразбирање, во рамките на постојниот безвизен режим, Македонските државјани би требало да имаат во предвид дека при секој влез може да престојуваат максимум 60 дена и во случај да имаат повеќе влезови би можеле да претстојуваат максимум 90 дена во срок од 180 дена. Во спротивно, од страна на Министерството за Внатрешни Работи на Репеублика Турција, поради пречекорување на времето на престој ќе им се стави забрана за влез во земјата.

На пример, еден Македонски државјанин кој ќе влезе во Турција без виза, во случај да излезе од земјата по 60 дневен престој, рачунајќи од денот на неговото излегување, во наредните 120 дена ќе може да претстојува во Турција без виза максимум уште 30 дена.

Поради тоа, би препорачале да Македонските држајвјани кои предвидуваат да патуваат во Турција без виза да ги подготват своите програми за патување за максимум 60 дена и да од крајот на нивното патување, во наредниот периот од вкупно 180 дена нивниот престој не би требало да ги надмине дозволените 90 дена за престој.

Покрај тоа, странците кои доаѓаат како туристи во Турција, со дозвола за престој од 6 месеци кои ќе ја добиваат со обраќање до Валијатот, вкупно легално во земјата можат да претстојуваат  максимални 9 месеци.