Sayın Bakanımızın Abd'de Münteşir Foreign Policy Dergisinde 5 Nisan 2018 Tarihinde Yayımlanan "the Meaning Of Operation Olive Branch" Başlıklı Makalesinin Gayriresmi Makedonca Çevirisi

Üsküp Büyükelçiliği 10.04.2018

Колумна на Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу под насловЗначењето на Операцијата маслинова гранка објавена во списанието Foreign Policy , на 5 април 2018 година

[Неофицијален превод на македонски јазик]

Мрачната слика во Средниот исток не треба да ја замрачи вистината дека може да се достигне мирот. Основната подлога за воспоставување на мирот е зачувувањето на територијалниот интегритет на државите. Ова значи спротивставување кон сите сили, вклучувајчи ги и терористите како ДЕАШ и ПКК/ЈПГ кои што по цена да ги жртвуваат другите, и кои постојат со поддршка на надворешните сили за да се трудат да ги продолжат своите дистопии. Потребно е спротивставување на бескрајната визија за крвопролевање на овие организации и поразување на ваквата визија.

ДЕАШ во голем дел воено е поразено, меѓутоа ова не е само поради последниот удар на групите кои се обучуваат и вооружуваат од страна на САД. ДЕАШ е поразена благодарение на големите напори на Ирачката армија и една глобална коалиција која оперира од Турција. Слабите точки на ДЕАШ, многу отворено се веќе на виделина, со тоа што Турција како единствена армија во НАТО со директен напад врз ДЕАШ, како што може да се претпостави нив ги угуши во Џараблус – Северна Сирија. Со големите напори на коалицијата во која спаѓа и Турција кои ја поседуваат најшироката листа на забранетите лица на странски терористи и ја водат најголемата цивилна безбедносна операција против ДЕАШ во светот, се спречува можноста за повторно регрупирање на ДЕАШ.

Интересот кон идеологиите на ДЕАШ, Ал – каеда и други организации кои се нивни приврзаници нема лесно да стивне. И пред ДЕАШ во нашите улици се остварија терористички акти и ваквите акти ќе продолжат независно од вооружените операции на ДЕАШ во Средниот исток. Борбата против тероризамот треба да продолжи со големи напори ставајќи поголем акцент на; навремено собирање на разузнавачки информации, финансиски мерки, спречување на регрутирање на нови членови и мерки за радикализација.

Eдна од точките на несложување со Соеднитите Американски држави еводењето на политика за вооружување како пешадијци, без разлика дека ПКК/ ЈПГ имаат терористичко минато. Ова од правен и морален аспект е сомнителна политика подготвена во последните денови на управата на Обама, и која на некој начин е пренесена во управата на Трамп. САД, без разлика дека е 66 годишен сојузник на Турција која со нејзините вредности е цел на терористите, одлучувајќи да формира алијанса со терористите ги израдува сите критичари и опозицијата.
Ми причинува задоволство тоа што гледам дека многумина НАТО сојузници, се оддалечуваат од оваа политика поради тоа што е спротивно на вредностите на нашиот сојуз. Оваа политика исто така е спротивна на нашите интереси во регионот и надвор од регионот. Се надевам дека со мојот колега Мајк Помпео назначен за Надворешни работи и Советникот за национална безбедност Амбасадор Џон Болтон ќе дадат приоритет за исправање на овој тек.

Ирак, Сирија, Јемен, Либија и други земји во Средниот исток се соочуваат со еден разурнувачки притисок со кое е подложено на опасност нивното постоење од страна на интернационалните сили. Така што тешкотиите со кои се соочуваат овие држави, ги оправдува и дава можност за секаков вид на интервенција на сите држави и вон државните актери. Реултат не е само крвопролевање, масивно селење и терористички притисок врз Турција и на прагот на останатиот дел од Европа.Оваа каотична средина во овие држави исто така игра улога на инкубатор за омраза и закани против САД. Резистентните нација – држави, потребно е да го изградат темелот на секаков вид ред и стабилност во Средниот исток. Визијата на Башар Асад кога и да е ќе изгуби, но соединетата Сирија како резултат треба да ја победи војната која траеше подолго време.
Операцијата Маслинова гранка на Турција е воена операција во внатрешноста на Сирија, која пред се е операција за самоодбрана од терористичките напади на терористите, чии што агресии врз нашите населени места се документирани и претходно.Турција која е домаќин на 3,5 милиони Сиријци, со Операцијата Маслинова гранка која ја води исто така има за цел да ги отсртани препреките ставени од страна на противниците на унитарната иднина на Сирија, и мирот во Сирија.Големите терористички кампови на ПКК/ ЈПГ во нашите граници има служено на две посебни цели. Прво, за терористичките операции на ПКК како додаток на Северен Ирак отварање на еден дополнителен фронт и соединување на овие со цел да се сочини вечна терористичка линија. Оружјата и воената инфраструктура кои ги одзедовме во Африн се сигурен доказ на оваа проценка.Втората цел на терористичките кампови е, врз урнатините во Сирија и Ирак, во пределите испразнети од страна на ДЕАШ, создавање на безбедни зони за малите држави кои мислеа да ги изградат.Операцијата Маслинова гранка на Турција, го спречува претворањето на падот во голема војна и голтнувањето на Европа и САД од страна на тероризамот. Наместо ова, отвара пат кон мирот.
Во доба далеку од вистината, свесен сум дека се води широка кампања за замрачување на Операцијата Маслинова гранка. Нема ниту еден ден да не наидеме на клевета. Всушност ние обрнувавме големо внимание да не се доведе до цивилни губитоци и од овој аспект Операцијата Маслинова гранка е една од најуспешните операции доживеани во светот.
Бидејќи терористите на ЈПГ беа фокусирани да го спречуваат напредувањето на Турската армија, беше тврдено дека нашата операција наводно го нарушила водењето на борбата против ДЕАШ. Мислам дека овој избор на ЈПГ, е всушност знак за лудоста на стратегијата за доверба во нив. Меѓутоа Ве уверувам дека Турција нема да дозволи повторно соединување на ДЕАШ и ќе работи заедно со САД на овој план.
Потребно е да го спречиме опишувањето на Операцијата Маслинова гранка како да е борба на курдите против турците. Треба да е многу јасно дека терористите на ПКК и ЈПГ не ѓи претставуваат курдите. ЈПГ во местата во Сирија кои ѓи има земено под нејзина контрола депортираше 400.000 курди. Наведените курди, поради тоа што ЈПГ не им дозволи, не можеа да се вратат назад во Сирија.Турција посакува сите курди во сите држави каде се останати помеѓу двете страни да живеат во мир и просперитет.
Микронационализамот и тероризамот вклучувајќи ѓи и курдите на секого му наштетува.

Подеднакво има една важна точка, а тоа е изнаоѓање на еден пат за започнување на процесот на развивање на Средниот исток. Од овој аспект, Ирак со постоечкиот уставен поредок развивајќи се со спокој, стабилност, просперитет потребно е да биде една важна оска во регионот. Во февруари, меѓународната заедница на донаторската конференција во Кувајт, донесе одлука за помош од 30 милијарди американски долари, при што Турција сама вети помош од една шестина од целокупната сума. Меѓутоа, за обновувањето на Ирак потребни се повисоки суми на средства. Ги повикувам сите мои колеги за приметување на корисноста на еден здрав и пријателски Ирак, на патот кон создавање на мир најмалку колку што е дејствителен Планот на Маршал, поддржување на напорите за сеопфатно обновување.

Средниот исток треба да се одбрани од заканите како што се секти, моќни зони, империјализмите кои повторно воскреснуваат, династиски битки, религиозни и секакви екстремизми. Државите, народите во регионот и тие што ја претрпија ситуацијата доволно преживејаа болки. Компонентите на патната карта која води кон успешна иднина може да се појават со одлучното лидерство на Турција.Се надевам дека Соеднинетите Американски држави ќе изберат да го уловат мигот и да ја поддржат оваа мировна мисија.


Pazartesi - Cuma

09:00 - 12:30 / 14:00 - 18:00

"Konsolosluk Başvuruları 09.30 - 12.00 ve 14.00 - 16.00 saatleri arası alınır."
1.1.2018 1.1.2018 Yılbaşı
6.1.2018 6.1.2018 Ortodoks Noel arifesi (Ortodoks Makedonya vatandaşlarının bayramı)
8.1.2018 8.1.2018 Ortodokos Noeli
19.1.2018 19.1.2018 Suya Haç Atma Töreni (Vodici) (Ortodokos Makedonya vatandaşlarının bayramı)
27.1.2018 27.1.2018 Aziz Sava Bayramı (M.C.’ndeki Sırp Toplumu’nun Bayramı)
2.4.2018 2.4.2018 Paskalya (Katolik Makedonya vatandaşlarının bayramı)
6.4.2018 6.4.2018 İyi Cuma, Ortodoks Paskalya Öncesi Cuma (Ortodoks Makedonya vatandaşlarının bayramı)
8.4.2018 8.4.2018 Uluslararası Romanlar Bayramı (M.C.’ndeki Roman Toplumu’nun Bayramı)
9.4.2018 9.4.2018 Paskalya
1.5.2018 1.5.2018 İşçi Bayramı
23.5.2018 23.5.2018 Ulah Milli Bayramı (M.C.’ndeki Ulah Toplumu’nun Bayramı)
24.5.2018 24.5.2018 „Aziz Kiril ve Metodiy“ Genel Slav Eğitimcileri Bayramı
25.5.2018 25.5.2018 Ruhlar Günü, Ruhlar Günü Öncesi Cuma (Ortodoks Makedonya vatandaşlarının bayramı)
15.6.2018 15.6.2018 Ramazan Bayramı
2.8.2018 2.8.2018 Cumhuriyet Bayramı (İlinden Ayaklanması Bayramı)
21.8.2018 21.8.2018 Kurban Bayramı (Sadece Müslüman vatandaşlar için)
28.8.2018 28.8.2018 Büyük Meryem Ana Günü (Ortodoks Makedonya vatandaşlarının bayramı)
8.9.2018 8.9.2018 Bağımsızlık Bayramı
19.9.2018 19.9.2018 Yom Kippur Bayramı (M.C.’ndeki Yahudi Toplumu’nun Bayramı)
28.9.2018 28.9.2018 Boşnakların Uluslararası Bayramı (M.C.’ndeki Boşnak Toplumu’nun Bayramı)
11.10.2018 11.10.2018 Halk Ayaklanması Bayramı
23.10.2018 23.10.2018 Makedon Devrimi Mücadelesi Bayramı
1.11.2018 1.11.2018 Azizler Günü (Katolik Makedonya vatandaşlarının Bayramı)
22.11.2018 22.11.2018 Arnavut Alfabesi’nin Bayramı (M.C.’ndeki Arnavut Toplumu’nun Bayramı)
8.12.2018 8.12.2018 “Aziz Kliment Ohridski” Bayramı
21.12.2018 21.12.2018 Türkçe Eğitim Bayramı (M.C.’ndeki Türk Toplumu’nun Bayramı)
25.12.2018 25.12.2018 Noel’in birinci günü (Katolik Makedonya vatandaşlarının Bayramı)